среда, 10 декември 2025

Европската централна банка: Фалсификаторите успорија, никогаш помалку лажни евра

Објавено на

часот

Сподели

И понатаму најчесто се фалсификуваат банкнотите од 20 и 50 евра кои заедно сочинуваат околу две третини од повлечените лажни банкноти.

ЕЦБ соопшти дека нешто повеќе од 95 отсто од фалсификатите се откриени во земји од еврозоната, околу четири отсто во членките на ЕУ кои не се во зоната на еврото, а помалку од половина процент во останати земји од светот.

Веројатноста некој да добие фалсификувана банкнота е мала, наведе ЕЦБ и објасни дека во 2021 се откриени 12 фалсификати на милион оригинали во оптек.

Граѓаните сепак треба да бидат внимателни.

Кога се сомневаат дека банкнотата е фалсификувана, граѓаните најпрво треба да ја споредат со оригинал, ако нивните сомнежи се потврдат, да стапат во контакт со полицијата или, во зависност од националната пракса, централната или комерцијална банка.

Во соопштението на ЕЦБ се потсетува дека плаќањето со фалсификувани банкноти е кривично дело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ