Марија и Катерина се наоѓаат на новата листа на санкционирани Руси, иако не се знае колкав имот имаат тие две надвор од Русија, па ова се смета за симболичен потег, тврди Блумберг. Заедно со нив на списокот има и руски политичари, тајкуни и членови на нивните семејства.
Предложената листа на санкционирани лица допрва треба да биде потврдена од европските влади и сè уште е подложна на промени. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека не е запознаен со предлогот за санкционирање на ќерките на Путин и дека ќе почека додека не биде официјално објавено.
Малку се знае за ќерките на Путин, Катерина и Марија, а не е потврдено дали Путин има и други деца покрај нив.
Марија Воронцова, неговата постара ќерка, наводно е ко-сопственичка на Номенко, кој е вклучен во главно приватен инвестициски проект во здравството. Катерина Тихонова води институт за вештачка интелигенција на Московскиот државен универзитет.






