понеделник, 15 декември 2025

ЕУ постигна согласност за 18 пакет санкции против Русија

Земјите-членки на Европската Унија денес постигнаа согласност за 18 пакет санкции против Русија, објави високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„ЕУ штотуку одобри еден од најсилните пакети санкции против Русија“, објави Калас на социјалната мрежа Икс.

Пакетот беше договорен на состанокот на амбасадорите на земјите-членки и денес ќе биде официјално потврден од министрите за европски прашања на земјите-членки. Во јуни, ЕК го предложи 18 пакет санкции против Русија, кој главно ги таргетира руските приходи од продажба на енергија и банкарскиот сектор.

Пакетот санкции вклучува намалување на максималната цена по која може да се продава руската сурова нафта од 60 на 47,6 долари за барел.

Усвојувањето на пакетот беше блокирано извесно време од Словачка, барајќи отстапки во сосема друг предлог на Комисијата, кој се однесува на прекинот на увозот на руски фосилни горива од 2028 година.

Словачкиот премиер Роберт Фицо во вторник изјави дека неговата земја добила гаранции од Комисијата за помош во случај на потенцијален недостиг на гас или скокови на цените и транзитните такси, како и помош во спорови околу потенцијални барања за надомест на штета од рускиот добавувач Газпром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ