недела, 7 декември 2025

ЕУ ќе формира нова разузнавачка единица под раководство на Урсула фон дер Лаен

Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под раководство на претседателката Урсула фон дер Лаен, во обид подобро да се искористат информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес Фајненшл тајмс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Единицата, која ќе се формира во рамките на генералниот секретаријат на Комисијата, планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.

Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ