недела, 29 март 2026

ЕУ ќе ја вооружи Украина, ќе го затвори небото за руски авиони и ќе забрани два руски медиуми

Објавено на

часот

Сподели

Говорејќи на прес-конференција попладнево, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен рече дека потегот означува „пресвртница“.

Таа, исто така, најави серија нови санкции насочени кон Русија и Белорусија, како и забрана за Русија да го користи европскиот воздушен простор.

Фон дер Лаен рече дека блокот, првпат во својата историја, „ќе го финансира купувањето и испораката на оружје и друга опрема во земја што е нападната“.

Таа рече и дека ќе бидат воведени три нови транши санкции. Тие се:

Забранување на сите руски авиони од нејзиниот воздушен простор

„Го затвораме воздушниот простор на ЕУ за Русите“, рече Фон дер Лаен.

„Предлагаме забрана за сите авиони што се во руска сопственост, регистрирани во Русија и контролирани во Русија. Овие авиони повеќе нема да можат да слетуваат, полетуваат или да прелетуваат на територијата на Европската Унија“.

Таа рече дека овој потег ќе ги опфати и приватните авиони на руските олигарси.

Забрана на она што Фон дер Лаен го нарече „медиумска машина на Кремљ“

„Државните Раша тудеј и Спутник, како и нивните подружници, повеќе нема да можат да ги шират своите лаги за да ја оправдаат војната на Путин“, рече таа.

„Ние развиваме алатки за забрана на тие токсични и штетни дезинформации во Европа“.

Проширување на постојните санкции кон Белорусија

„Режимот на Лукашенко е соучесник во злобниот напад против Украина“, рече таа.

Таа рече дека санкциите ќе бидат насочени кон „најважните сектори“ и извозни производи на Белорусија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ