недела, 29 март 2026

ЕУ: Ќе ги сузбиеме руските провокации на Балканот како последица на војната во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Борел тоа го кажа по заседанието на шефовите на дипломатиите на Унијата кои ѝ воведоа остри санкции на Русија поради воениот упад во Украина, а од неговата изјава може јасно да се заклучи дека за тоа расправале министрите за надворешни работи на ЕУ, надлежни за насоките во надворешната политика на блокот од 27 држави.

Европските дипломатски функционери на новинарите им пренесоа дека одлуката за зголемување на трупите во мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина и посилното посветување на Западниот Балкан е „одговор на влошувањето на безбедноста во пошироки размери не само поради Украина, туку и поради влијанието на Русија врз српскиот ентитет во БиХ, како и врз Црна Гора и Србија“.

Европската комисија истовремено, очигледно во намера да ја подвлече спремноста за поддршка на Западниот Балкан, повторно соопшти дека преку најавуваниот инвестициски пакет од октомври 2020 од 3,2 милијарди евра, ќе го помогне заздравувањето на регионот.

Германски Дојче веле исто така ја пренесува анализата на австриски Стандард во која е наведено дека нападот на Русија врз Украина доведе до тоа мерки на претпазливост да се преземаат и во југоисточна Европа.

Во анализата се истакнува објаснувањето на европската воена мисија Еуфор во БиХ дека одлуката за испраќање дополнителни 500 војници во БиХ следела „поради влошувањето на меѓународната безбедносна ситуација, што би можело потенцијално да доведе до нестабилност во Босна и Херцеговина“.

Стандард истакнува дека „зајакнувањето на трупите треба пред сè да ја стави до знаење одлучноста да се зачуваат територијалниот интегритет и суверенитетот на БиХ, а трупите стационирани во Брчко би можеле да го одложат или спречат заземањето (отцепувањето) на целата територија на Република Српска“.

Се додава дека претседателот на РС Милорад Додик „низа години не го поддржува само Србија, туку пред сè Русија, и во целиот регион постои загриженост дека Русија, како со Доњецк и Луганск, би можела да ја признае Република Српска како независна држава за да создаде уште поголема нестабилност на Балканот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ