Би-би-си дознава дека тоа е замрзнување на имот, а не забрана за патување. Вели дека не се знаат деталите за имотот што би можел да биде погоден, ниту пак дали некој од нив двајца воопшто има имот во ЕУ.
„Дозволете ми да истакнам дека единствените лидери во светот што се санкционирани од Европската Унија се Асад од Сирија, Лукашенко од Белорусија и сега Путин од Русија“, рече шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Велика Британија најави дека ќе направи сличен потег – но не се знае кога и не се знае дали ќе отиде подалеку од ЕУ, вели Би-би-си.
Портпаролката на британската влада рече дека за време на телефонскиот разговор со лидерите на НАТО во петокот, Борис Џонсон предупредил дека Путин „се впушта во реваншистичка мисија да го урне постстуденовоениот поредок“, дека неговите „амбиции можеби нема да застанат тука и дека ова е евроатлантска криза со глобални последици“.
Во соопштението се споменува и меѓународната платежна мрежа СВИФТ, за која Украина бара да ѝ се забрани на Русија.
„Премиерот ги повика лидерите да преземат итна акција против СВИФТ за да му нанесат максимална болка на претседателот Путин и на неговиот режим“, се вели во соопштението.






