недела, 15 март 2026

Ескобар до Одборот на Сенатот на САД: Ќе дејствуваме против оние кои граѓаните на БиХ ги држат како заложници

Објавено на

часот

Сподели

Претседавачката на Одборот, сенаторката од Демократската партија Џаен Шахин оцени дека мирот на Западниот Балкан е кревок и смета дека руско-украинската криза е показател дека САД мора да го одржат курсот во овој дел од светот.

Сенаторот Харолд Џонсон од Републиканската партија порача дека САД сè повеќе се фокусираат на Западниот Балкан, но дека нема да наметнуваат решенија.

„Знаеме дека сите земји од регионот сакаат да се вклучиме. Знаеме дека сите тие сакаат да бидеме на нивна страна, но ние тоа нема да го направиме. Сака да го прифатат владеењето на правото и загрижени сме поради корупцијата. Фактот дека ја имаме оваа расправа е силен сигнал дека сме свесни за проблемот. Решенија нема да наметнуваме, но сакаме да помогнеме“, кажа тој.

Смета дека САД се особено загрижени поради сè поголемото влијание на Кина. Истото мислење го дели и американскиот специјален претставник за Западниот Балкан Габриел Ескобар.

Тој тврди дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден препознава колку е Западниот Балкан важен дел од Европа. Потсети дека Американците ги поддржуваат евроатлантските интеграции на земјите од овој дел од светот, продолжуваат да го продлабочуваат партнерството.

Ескобар повтори дека САД ја поддржуваат иницијативата Отворен Балкан.

„Сметаме дека Отворениот Балкан и зелената агенда се неопходни за европските интеграции. Ги повикуваме да се борат против корупцијата и да ги прошират можностите за интеграција. Тоа ќе го спречи одливот на мозоци“, оцени тој.

Според неговото излагање, меѓу државите во кои состојбата е најтешка, е Босна и Херцеговина. Повторно ја претстави како една од најкорумпираните земји во Европа.

„Ендемската корупција ги загрозува стабилноста, мирот и напредокот на БиХ кон Европската Унија. Ги повикуваме лидери на деескалација на тензиите и јакнење на демократските процеси. Тешките компромиси ќе обезбедат подобра иднина во целиот регион“, смета Ескобар.

Тој истакна дека САД неодамна повторно наметнаа санкции против српскиот член на Претседателството на БиХ и претседател на СНСД Милорад Додик и нему блиската Алтернативна телевизија. Предупреди дека е можно санкционирање и на други политичари.

„Им наметнавме санкции на Додик и на АТВ. Ќе ги користиме сите расположливи инструменти против оние кои ги држат како заложници граѓаните на Босна и Херцеговина за свој ќар“, кажа тој.

„Додик е актер со кој е тешко да се работи, но не е единствен. Нашите активности се насочени против него, а не против Србите и Република Српска. Не е проблем етнонационализмот, туку длабоко вкоренетата корупција. Тоа е најкорумпираната држава на Западниот Балкан и трета држава по корумпираност во Европа. Поради тоа има одлив на мозоци“, наведе Ескобар.

Се надева дека претставниците на Србите ќе се вратат во државните институции на Босна и Херцеговина. Според него, ќе продолжи политичкиот дијалог за тоа да се оствари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ