Одговарајќи на прашањето за „тесната соработка на Драган Човиќ и Милорад Додик“ ја доведе во контекст на корупцијата и кажа:
„Треба да го гледате тоа дејствување, не во контекст на етнонационализмот туку за продлабочување на корупцијата“.
Реформата на изборниот закон во БиХ не оди според планот. Во моментов нема никакви придвижувања.
„Мислиме дека има простор за преговори, за флексибилност и компромиси за ограничени измени на уставот и изборното законодавство. И мислиме дека оваа година треба да се одржат избори. Изборите се многу важен дел од демократскиот процес и демократската еволуција. Затоа ги поттикнуваме сите страни да бидат флексибилни и отворени и со добра волја да се вклучат во преговорите. Околу деталите на преговорите – тоа сепак зависи од партиите, од лидерите. Босна и Херцеговина е суверена држава и независна држава и повеќе не сме во позиција да наметнуваме решенија или да го одредиме патот на нејзиниот политички развој. Го охрабруваме тоа, и тоа треба веднаш да се случи на начин кој им ја отвора врата на приближувањето кон Европската Унија и овозможува да ги исполнат желбите на младите луѓе да бидат дел од Европа.
Верувате ли дека избори ќе бидат одржани до крајот на годината?
„Секако се надевам. Како што кажав, сите избори се важен дел од демократскиот процес на секоја земја, па тоа го поддржуваме“.
Кажавте дека мислите дека главниот проблем на БиХ е корупцијата.
Апсолутно!
Се користи ли поимот национални интереси за да се прикрие корупцијата?
Апсолутно! Ако погледнете кои проблеми ги има БиХ, проблемот не е тоа што луѓето не сакаат соживот со Хрватите, Бошњаците или Србите. Младите ја напуштаат земјата бидејќи луѓето не можат да се вработат без коруптивни врски. Тоа на Босна ѝ штети повеќе од што било, поради тоа луѓето ја напуштаат земјата. Тоа е апсолутно проблем, не е само мое мислење. Угледни анализи покажуваат дека Босна и Херцеговина е најкорумпираната земја од западниот Балкан и речиси најкорумпирана земја во Европа. Тоа е најитниот проблем.
Мислите ли дека на некој начин е заробена меѓу три национални интереси кои заземаат страни и едноставно сè блокираат?
„Па, дисфункцијата ја храни корупцијата и создава прилики за повеќе корупција. не мислам дека во БиХ постои нешто што би ја предодредило да биде корумпирана земја. Мислам дека тоа има врска со недостигот од политичка храброст на лидерите.
Што мислите за тесната соработка на Драган Човиќ и Милорад Додик, заедничкото гласање по некои прашања, помагањето еден со друг и создавањето атмосфера на три страни, не само на две, дали нешто може да се направи?
„Повторувам, мислам дека многу мотивација доаѓа од корупцијата. Затоа ги повикувам сите лидери да работат не само за доброто на институциите, туку и на народот. Треба да го гледате тоа дејствување, не во контекст на етнонационализмот, туку за продлабочување на корупцијата, а тоа најмногу ме загрижува. Се надевам дека можеме да постигнеме некаков договор и верувам дека БиХ има голем потенцијал. Луѓето од БиХ се многу успешни кога ќе се преселат во Европа или Америка, ние сакаме да се успешни во Босна и Херцеговина“.
Gabriel Escobar, specijalni izaslanik državnog sekretara SAD-a za Z. Balkan, u intervjuu za N1 Hrvatska otvoreno je bh. političare optužio za “korupciju pod krinkom nacionalnih interesa”. “Tijesnu suradnju Dragana Čovića i Milorada Dodika” doveo je u kontekst korupcije pic.twitter.com/8SR0g8O9BR
— TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) April 10, 2022






