среда, 10 декември 2025

Ескалираше масовниот протест против ковид мерките во Брисел (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Хаотични сцени се одвиваа на улиците на белгискиот главен град Брисел во неделата, додека илјадници демонстранти се приклучија на масовниот марш против здравствените ковид-19 пропусници и други ограничувања воведени од европските влади во име на борбата против пандемијата.

На видеата снимени од новинарот на РТ Франс Чарлс Бодри се гледаат полицајци со бели шлемови во опрема за немири како ги блокираат улиците со барикади и користат водени топови за да ја растераат толпата. За сето време, демонстранти маскирани во црно ја гаѓаа полицијата со разни проектили, вклучително и штици кои очигледно ги набавиле со уништување на тераса на едно кафуле.

Според првичните проценки на полицијата, на улиците има десетици илјади луѓе, додека организаторите велат дека има повеќе од сто илјади.

Демонстрантите кои маршираат низ улиците на Брисел тврдат дека „ја бранат демократијата, човековите права и правото на Уставот“. Ова е петти протест против мерките во последниве два месеци, а претходните четири се одбележани со насилство и судири со полицијата.

Демонстрантите, собрани во поголем број отколку на претходните собири, носеа натписи против премиерот Александар Де Кро и ковид-потврдите, пренесува Франс прес.

До насилство дојде и денеска. Демонстрантите почнале да фрлаат факели, а полицијата одговорила со солзавец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ