петок, 19 декември 2025

Еруптираше Етна (ВИДЕО)

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија повторно еруптираше, соопшти Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Институтот извести за силни емисии на пепел од кратерот на врвот на вулканот, иако висината на облаците не можеше да се процени синоќа.

Властите прогласија највисоко ниво на тревога за воздушниот сообраќај.

Меѓународниот аеродром Катанија засега останува отворен.

Етна, која се издига на повеќе од 3.300 метри, е најголемиот активен вулкан во Европа.

Редовно еруптира и е под постојан надзор, а нејзините спектакуларни сцени привлекуваат голем број гледачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ