понеделник, 8 декември 2025

Ерупција на вулкан во Јапонија, исфрли облак од пепел и чад, откажани летови (ВИДЕО)

Вулканот Сакураџима, кој се наоѓа на јапонскиот остров Кјушу, еруптираше неколку пати од полноќ, исфрлајќи облак од чад и пепел што предизвика откажување на десетици летови, соопштија денес Јапонската метеоролошка агенција (JMA) и локалните власти.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Вулканот, кој се наоѓа на јужниот дел од островот Кјушу, во близина на градот Кагошима, еруптираше за прв пат околу 1 часот наутро, кога исфрли чад и пепел до четири километри во воздухот, пренесува новинската агенција Кјодо.

Поради пепелот кој го испуштил вулканот, околу 30 летови до и од аеродромот Кагошима се откажани. ЈМА соопшти дека вулканскиот пепел се движел на североисток по последната ерупција и се очекува дека во текот на денот ќе падне во Кагошима, како и во соседната префектура Мијазаки.

Сакураџима е еден од најактивните вулкани во Јапонија и редовно се случуваат ерупции со различен интензитет.

Во 2019 година исфрлал пепел и до 5,5 километри во висина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ