Тој рече дека Шведска не треба да очекува Турција да ја одобри нејзината кандидатура за членство во НАТО без враќање на „терористите“.
Турција ги обвинува двете нордиски нации дека кријат членови на Курдистанската работничка партија (ПКК), група која ја смета за терористичка организација, и следбеници на Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на обидот за државен удар во 2016 година.
Според официјалната турска новинска агенција, и Финска и Шведска одбиле десетици барања за екстрадиција на курдски милитанти кои Турција ги опишува како терористи.
Без поддршка од сите членки на НАТО, Шведска и Финска не можат да се приклучат на воената алијанса, иако американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека е убеден дека може да се постигне консензус.






