недела, 15 март 2026

Ердоган: Потегот на Русија е неприфатлив

Објавено на

часот

Сподели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор му рекол на својот украински колега Володимир Зеленски дека Турција се противи на секоја одлука насочена кон територијалниот интегритет на Украина, откако Русија соопшти дека признава два региони во источна Украина како независни.

Соединетите Држави и Европската Унија размислуваат за санкции против Русија, но Турција, која има поморска граница со Украина и Русија во Црно Море, во принцип се противи на санкциите.

Во разговорот со Зеленски, Ердоган рекол дека ја смета одлуката на Русија за неприфатлива и повика „сите дипломатски ресурси да се искористат на меѓународната сцена“ за да се реши кризата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ