сабота, 31 јануари 2026

Ердоган оди во Киев, сака да посредува во смирувањето на тензиите со Русија

Објавено на

часот

Сподели

Турски официјален претставник изјави за Ројтерс дека Анкара очекува тензиите навистина да се смират по средбата во Киев со претседателот Володимир Зеленски. Анкара и Киев ден претходно најавија дека ќе потпишат неколку договори, меѓу кои и договор за слободна трговија. Русија ги отфрла западните тврдења дека планира инвазија на Украина и бара безбедносни гаранции дека НАТО нема да се шири понатаму на исток или да поставува ракетни системи во Украина.

Посетата на Ердоган доаѓа откако лидерите на НАТО од Велика Британија, Полска и Холандија го посетија Киев. Турција има добри односи со Украина и Русија, но рече дека како членка на НАТО ќе го направи она што е потребно доколку Русија нападне. Анкара понуди да посредува уште во ноември, а турски дипломатски извори минатиот месец открија дека и Киев и Москва се отворени за идејата.

Друг турски функционер, кој исто така сакаше да остане анонимен, рече дека Ердоган во телефонски разговор ќе ги повика двете страни да покажат воздржаност, додавајќи дека Анкара сака да ја продолжи соработката со двете многу важни земји.

Пристапот на Турција не е да „зазема една страна“, рече претставникот.

„Со иницијативата на Ердоган и со пораките што ќе ги испрати, очекуваме тензиите да се смират“, заклучи тој. Турција го дели Црно Море со Украина и Русија. Ердоган рече дека конфликтот во регионот би бил неприфатлив и ја предупреди Русија дека инвазијата не би била мудар потег.

Иако гради енергетска и одбранбена соработка со Русија, Турција се спротивстави на политиката на Москва во Сирија и Либија, како и на руската анексија на Крим во 2014 година. Турција на Украина ѝ продаде софистицирани воени беспилотни летала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ