„Ние би можеле да го користиме природниот гас во нашата земја и покрај тоа би можеле и заедно да работиме за да го испорачаме во Европа. Ние, се надевам, ќе ги имаме тие прашања на дневниот ред за време на посетата на господинот (претседателот на Израел Исак) Херцог“, кажа Ердоган.
Турскиот лидер кажа дека Херцог ќе ја посети Турција кон средината на март.
Турција се труди да ги поправи односите со регионалните сили од 2020 година.
Односите со Израел беа напнати бидејќи Анкара ја критикува израелската политика кон Палестинците и окупацијата на Западниот брег и Газа.
Израел повикува Анкара да ја повлече поддршката на палестинското екстремистичко движење Хамас, кое владее со појасот Газа.
Двете земји ги повлекоа своите амбасадори во 2018 година поради тензиите.






