понеделник, 30 март 2026

Ердоган го повика Путин да прогласи прекин на огнот во Украина и да потпише мировен договор

Објавено на

часот

Сподели

Прекинот на огнот ќе ја ублажи загриженоста за тешката хуманитарна состојба, рече Ердоган во телефонскиот разговор, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

„Претседателот Ердоган рече дека моменталниот прекин на огнот не само што ќе ја ублажи загриженоста поради хуманитарната состојба во регионот, туку и ќе ја отвори можноста за барање мирно решение и го повтори својот повик „заедно да го изградиме патот кон мирот“, соопшти неговата канцеларија.

„Ердоган ја истакна важноста сега итно да се преземат чекори за да се прогласи прекин на огнот, да се отворат хуманитарни коридори и да се потпише мировен договор“, Ројтерс го цитираше кабинетот на турскиот претседател.

Путин рече дека операцијата се одвива според планот и распоредот и изрази надеж дека украинските преговарачи ќе заземат конструктивен пристап во разговорите и ќе ја земат предвид ситуацијата на теренот, соопшти Кремљ.

Би било „наивно“ да се очекуваат резултати од разговорите меѓу Украина и Русија додека продолжуваат борбите, рече Ердоган. Турскиот министер за одбрана повика на итен прекин на огнот што ќе ѝ овозможи на Анкара да ги евакуира своите граѓани од Украина.

Во соопштението по едночасовниот разговор, турското претседателство соопшти дека Ердоган му изразил на Путин подготвеност да помогне во изнаоѓањето мирно решение за војната во Украина. Тие, според Анкара, разговарале и за билатерални прашања.

Двајцата државници разговараа неколку дена пред Дипломатскиот форум во јужниот турски град Анталија од 11 до 13 март, на кој се очекува да присуствува и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Турција сака министрите за надворешни работи на Украина и Русија да дојдат и да разговараат на форумот, но не е сигурна дали ќе можат да учествуваат.

Ердоган, кој Путин го нарекува „пријател“, последен пат разговарал со рускиот лидер на 23 февруари, ден пред руската инвазија. Со денешниот телефонски разговор, Ердоган е третиот лидер на земја членка на НАТО кој разговара со Путин од почетокот на офанзивата, по германскиот премиер и францускиот претседател.

Турција има добри односи со Русија во одбраната, трговијата, енергетиката и туризмот затоа што секоја година е домаќин на милиони Руси, но ѝ продаваде беспилотни летала на Украина, што ја налути Москва и се противи на руската политика во Сирија и Либија, како и на руската анексија на Крим од 2014 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ