сабота, 31 јануари 2026

Ердоган го обвини Западот дека ги влошува работите меѓу Русија и Украина

Објавено на

часот

Сподели

„За жал, западњаците досега воопшто не помогнаа за решавање на конфликтот. Тие само ги влошија работите“, изјави турскиот претседател за Си-ен-ен турк на враќање од Киев.

Ердоган оцени дека американскиот претседател Џозеф Бајден „досега успеа да покаже позитивен пристап во овој процес“.

Според Ердоган, само поранешната германска канцеларка Ангела Меркел „навистина би можела да има решение“.

„Освен неа (Меркел), засега нема други лидери. Нема потреба да ги именуваме другите“, додаде Ердоган.

На средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, турскиот претседател ја повтори својата понуда да посредува во украинската криза и да биде домаќин на билатерални разговори меѓу Москва и Киев во Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ