Тој рече дека Ердоган ги поканил Путин и Зеленски да дојдат во Турција и да се сретнат за да ги решат проблемите и разликите, пренесува РИА новости.
„Турција е подготвена да направи сѐ што може за да ги намали тензиите меѓу Русија и Украина“, истакна Калин.
Тој додаде дека Ердоган планира да ја посети Украина во следните недели, но дека Анкара ќе биде во близок контакт со Русија, со цел да се избегне каква било воена акција што би имала сериозни последици.
Западот тврди дека Русија подготвува напад врз Украина, додека Москва ги отфрла тие обвинувања и посочува дека тие служат како изговор за распоредување воена опрема и војници на НАТО во близина на руските граници.






