вторник, 31 март 2026

Ердоган до ЕУ: Отворете пристапни преговори

Објавено на

часот

Сподели

Изјавите на турскиот претседател доаѓаат во време кога војната во Украина ѝ овозможи на Анкара да се врати на меѓународната сцена благодарение на нејзините напори во посредувањето. Преговорите за можното членство на Турција во ЕУ, кои започнаа во 2005 година, беа во застој во последниве години поради зголемените тензии со Брисел за голем број прашања.

Така, на крајот на 2020 година, Европската комисија оцени дека изгледите на Анкара за членство се „во застој“ бидејќи нејзините лидери донеле одлуки спротивни на интересите на ЕУ. „Турција продолжи да се дистанцира од ЕУ, со сериозно назадување во областа на владеењето на правото и основните права“, изрази жалење Комисијата во остар извештај.

Односите меѓу Брисел и Анкара се затегнати по неуспешниот обид за државен удар во јули 2016 година и прогонот на опозицијата и медиумите што потоа следеше. Претседатели на држави и влади на ЕУ утре ќе се сретнат во Брисел на дводневен самит за да се осврнат на последиците од руската инвазија на Украина.

Во четврток во Брисел треба да се одржи вонреден самит на НАТО. Ердоган во интервал од девет дена прими четворица лидери на ЕУ и НАТО. Турција, сојузник на Киев и членка на НАТО, посредува меѓу Москва и Киев од почетокот на кризата во Украина, но не се согласува со западните санкции кон Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ