четврток, 1 јануари 2026

Ердоган: Бајден добро да ја научи историјата, не простуваме ваков обид за предизвикување на Турција

Објавено на

часот

Сподели

„Американскиот претседател би требало многу добро да ја научи и да ја познава историјата. Не можеме да простиме ваков обид чија цел е да ја предизвика Анкара во недостиг на такво (историско) знаење“, им кажа Ердоган на новинарите во Анката по состанок на владата.

Додаде дека Бајденовите изјави на таа тема не заслужуваат внимание бидејќи се засновани на „лажни информации“ и дека немаат ефект врз Турција, пренесува турската агенција Анадолу.

Бајден вчера по повод ерменскиот Ден на сеќавање, на 107-годишнината, во пишана изјава наведе дека „Османските власти на 24 април 1915 ги уапсиле ерменските интелектуалци и лидерите на заедницата во Константинопол (Истанбул). Со тоа почнал геноцидот врз Ерменците, едно од најголемите масовни злосторства во 20 век“.

Исполнувајќи го предизборното ветување, Бајден минатата година на годишнината првпат го употреби терминот геноцид.

Како што пишува американската агенција Асошиејтед прес, неговите претходници со децении го избегнуваа тој збор од загриженост дека Турција, членка на НАТО, би можела да биде навредена.

Турската новинска агенција Анадолу пишува дека дел од ерменското население кое живеело во Османлиското царство им се придружило на Русите кои упаднале на територијата и се побуниле, и дека „ерменското лоби на меѓународната сцена работи на собирање на поддршка дека Ерменците тогаш биле жртви на геноцид“.

Агенцијата додава дека Турција смета дека оценката за карактерот на тие случувања треба да ја дадат историчарите, „а голем дел од нив не се согласуваат со тврдењата на проерменските кругови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ