недела, 22 февруари 2026

Ендрју викал додека полицијата го водела: „Јас сум вториот син на кралицата, не можете да ми го правите ова“

Сведоци тврдат дека Ендрју пружил очајнички отпор, викајќи кон персоналот и обезбедувањето: „Јас сум вториот син на кралицата, не можете да ми го правите ова!“

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

На неговиот 66-ти роденден, Ендрју беше уапсен за наводно споделување доверливи службени документи со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин додека ја вршел функцијата специјален претставник на Обединетото Кралство за трговија.

Електронска пошта објавена од Министерството за правда на САД на 30 јануари сугерира дека поранешниот војвода му проследувал на Епстин извештаи од официјални патувања во Хонг Конг, Виетнам и Сингапур. Во поштата од ноември 2010 година, Ендрју му препратил порака од неговиот тогашен специјален советник, Амит Пател, на Епстин само пет минути откако ја примил. Патувањата се случиле кон крајот на 2010 година, кога Ендрју официјално ги претставувал британските трговски интереси.

Битката за замокот Виндзор, наречена од британските медиуми како „Опсада на кралската ложа“, траела со месеци. Ендрју и неговата поранешна сопруга Сара Фергусон биле принудени да се преселат во имотот Сандрингем, а потоа во поскромната фарма Марш.

Интересно е што личните работи на принцот, вклучувајќи ја и неговата позната колекција мечиња, биле преместени во магацин со висок степен на безбедност во јужен Лондон, кој сега е под постојан полициски надзор поради истрагата, пренесува Сан.

Дури 11 полициски оддели во моментов ги проверуваат податоци од досиејата на Џефри Епстин. Фокусот е на аеродромот Лешам во близина на Фарнборо, каде што приватниот авион на Епстин, познат како „Лолита експрес“, слетал повеќе од 80 пати. Полицијата истражува дали принцот ја искористил својата позиција за да го олесни движењето на осудениот педофил и неговите соработници.

Освен проблемите со законот, Ендрју сега се соочува и со финансиски колапс. Бидејќи од 2019 година не прима средства од државниот буџет, остана без значаен извор на приход. Иронично, како 66-годишник сега има право на државна пензија во износ од седум илјади фунти годишно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ