„Додека користењето дополнителни бустери може да биде дел од резервните планови, повторените вакцинирања во кратки интервали не би претставувале одржлива долгорочна стратегија“, кажа на брифинг за медиумите Марко Кавалери, шеф на стратегијата за вакцинирање на Европската агенција за лекови (ЕМА).
Тој изрази загриженост дека стратегијата на давање бустер секои четири месеци потенцијално претставува ризик од преоптеретување на имунитетниот систем и дека може да доведе до замор на луѓето.
Кавалери кажа дека се потребни повеќе податоци за ефектот на новата варијанта на вакцините и подобро разбирање на еволуцијата на моменталниот бран за да се донесе одлука дали е потребна посебна вакцина за омикрон.
„Важно е да постои добра расправа околу изборот на составот на вакцините за да се погрижиме да имаме стратегија која не е само реактивна и за да се обидеме да дојдеме до соодветен пристап за да се спречи идна варијанта“, кажа Кавалери.
ЕМА кажа дека во моментов преговара со произведувачите на вакцини во случај да биде потребна ажурирана вакцина, но додаде дека каква била промена од тој тип треба да се координира глобално.






