понеделник, 29 декември 2025

Еквадор прогласи вонредна состојба поради криминалните банди (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Гиљермо Ласо твитна дека ќе биде воведен полициски час и ќе бидат испратени илјадници војници и полицајци во Гвајас, Манаби и Есмералдас за да „воведат ред и мир”.

Еквадор бележи нагло зголемување на убиствата и криминалот поврзан со банди.

Ова е втор пат Ласо да користи итни овластувања за да го спречи насилството откако ја презеде функцијата минатата година.

„На улиците ќе се почувствува тежината” на безбедносните сили, твитна Ласо. Тој рече дека 4.000 полицајци и 5.000 војници од вооружените сили на Еквадор ќе бидат распоредени низ трите провинции.

Тој исто така рече дека полицискиот час, кој ќе се спроведува само во одредени области, ќе биде од 23:00 до 05:00 часот по локално време. „Општеството нема да биде покорено”, напиша тој. „Нашиот мир никогаш нема да биде жртва на криминалните банди“.

Претседателот Ласо ја обвини трговијата со дрога за проблемите со криминалот во Еквадор. Земјата на Андите се користи како транзитна рута за шверц на кокаин од соседните Перу и Колумбија, а се вели дека моќните мексикански нарко картели функционираат преку локални банди.

Пристанишниот град Гвајакил, во провинцијата Гвајас, е рангиран на 50 место на листата најнасилни градови во светот според Инсајт крајм. Веб-страницата за истражувачко новинарство известува дека стапката на убиства во Еквадор се зголемила побрзо отколку во која било друга земја во Латинска Америка или Карибите во 2021 година.

Во февруари, неколку мажи биле пронајдени обезглавени во Дуран, во близина на Гвајакил, а двајца мажи биле пронајдени со лисици и обесени на мост за пешаци – метод што го користат мексиканските нарко картели.

Еквадор, исто така, ги имаше најсмртоносните затворски немири во својата историја, кои ја шокираа земјата и ја открија моќта на бандите кои дејствуваат во нејзините затвори. Во септември, околу 119 затвореници беа убиени во затвор во Гвајакил. Помалку од два месеци подоцна, најмалку 68 затвореници загинаа во новите борби во истиот затвор.

Претседателот Ласо прогласи 60-дневна вонредна состојба низ целата земја во октомври, по немирите во затворот. Сепак, репресијата наиде на критики од Уставниот суд – кој го преполови вонредниот период на 30 дена и рече дека војската треба само да ги поддржува полициските операции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ