Експлозијата се случило околу 10 часот наутро на улицата Партизански пат.
Вијести јавува дека експлодирал автомобил со цетињски регистарски таблички.
Полицијата, обвинителката која го води случајот и форензичарите извршиле увид на местото на експлозијата. Од силната експлозија телото на настраданиот излетало надвор од автомобилот.
Подгорички Дан објави снимка од лице место на која се гледа целосно изгорениот автомобил и телото прекриено со бел чаршаф среде патот.
Според неофицијалните информации, Шаховиќ настрадал во продолжение на пресметката на которските кланови.
[video:https://youtu.be/2hUT3UYaZYo autoplay:0]





