недела, 22 март 2026

Експлозија во Истанбул: Се урнаа две згради, луѓе заробени под урнатините (ВИДЕО)

Во експлозијата во округот Фатих, во европскиот дел на Истанбул, денес се урнаа две згради, а во тек е потрага по две лица за кои се верува дека се заробени под урнатините, пренесува Анадолија.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопшти дека пет лица се заробени под урнатините и дека „две соседни згради се урнале по експлозија, за која се верува дека е предизвикана од природен гас“.

„Бројни екипи од Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби, противпожарни и медицински екипи се испратени на местото на настанот“, се вели во соопштението.

Како што се додава, од урнатините досега се спасени три лица, кои се пренесени во болница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ