понеделник, 26 јануари 2026

Експлозија во фабрика за бисквити во Грција, четири работнички загинаа (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку четири работнички загинаа во експлозија во фабрика за бисквити во централна Грција, соопштија властите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Едно лице се води за исчезнато.

Шест работнички и еден пожарникар се повредени и хоспитализирани по експлозија во фабриката Виоланта, во близина на градот Трикала, околу 320 километри северно од Атина.

Експлозијата се случила за време на ноќна смена, а пожарот ја уништил фабриката.

Полицијата соопшти дека се сомнева дека експлозијата се случила во близина на печки кои работат 24 часа на ден.

Истражните екипи се на местото на настанот, а причината сè уште се утврдува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ