понеделник, 8 декември 2025

Експлозија во фабрика во Пакистан, загинаа 18 работници

Најмалку 18 работници загинаа, седум се повредени денес во силна експлозија на котел во фабрика за лепак во градот Фајсалабад, во источната пакистанска покраина Пенџаб. Полицијата го уапси менаџерот на фабриката, додека сопственикот е во бегство, пренесува Асошиејтед прес.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Причината за експлозијата сè уште е непозната. Според локалниот функционер Раџа Џахангир, детонацијата сериозно ја оштетила фабричката зграда и околните куќи, предизвикала пожар во фабриката и проширила паника низ целата област.

Локалниот полициски службеник Мохамед Аслам потврди дека истрагата е во тек. Главниот министер на Пенџаб, Меријам Наваз Шариф, изрази сочувство до семејствата на жртвите и им наложи на властите да им обезбедат најдобра можна медицинска помош на сите повредени.

Индустриските несреќи и пожарите во фабриките се чести во Пакистан, главно поради лошите безбедносни стандарди. Минатата година, десетина работници беа повредени во слична експлозија на котел во текстилна фабрика во истиот град, Фајсалабад. Исто така, минатата недела, во експлозија во фабрика за огномет во пристанишниот град Карачи загинаа четири лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ