Полицијата утврди дека дронот, пронајден четири дена претходно, не содржел експлозиви и не претставувал закана, пренесува Асошиејтед прес.
Властите апелираа до јавноста да не допира или пренесува паднати дронови и слични предмети.
Инцидентот го пријави градоначалникот на Пепени, Олег Чернеј, кој во видео објавено на социјалните мрежи објасни дека дронот бил прикачен на мал трактор во селото.
Дронот е од типот „гербер“ и често се користи за импровизирани напади или набљудување.
Службените лица не го прецизираа потеклото на пронајдениот дрон.
Минатата недела, воздушниот простор на Молдавија бил повеќепати нарушен од дронови за време, како што е наведено, на руски напади. Рускиот амбасадор бил повикан во Министерството за надворешни работи поради тие инциденти.






