понеделник, 22 декември 2025

ЕК: Секоја од нашите земји-членки може привремено да ја укине забраната за лет за авионот на Путин

Најавената средба меѓу претседателите на САД и Русија во Будимпешта е добредојдена ако може да доведе до праведен и траен мир во Украина, изјави денес портпаролот на Комисијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ја поздравуваме оваа средба ако помага да се постигне траен и праведен мир во Украина“, изјави портпаролот на Комисијата, Олоф Гил.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин дека двајцата ќе се сретнат во Будимпешта во следните две недели.

Во врска со логистичките прашања околу пристигнувањето на рускиот претседател во Будимпешта, Комисијата појасни дека секоја земја-членка може вонредно да одобри отстапување од забраната за влез во европскиот воздушен простор за руски авиони.

Портпаролката на Комисијата, Анита Хипер, изјави дека во рамки на санкциите врз рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров се замрзнати нивните средства во ЕУ, но нема забрана за влез на територијата на ЕУ.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Путин во 2023 година за воени злосторства поврзани со нелегална депортација на украински деца.

Унгарија веќе беше домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во април оваа година, за кого МКС исто така издаде налог за апсење. После тоа, унгарската влада извести дека се повлекува од тој суд.

Сепак, според статутот на МКС, Унгарија сè уште е должна да го уапси Путин бидејќи повлекувањето од судот стапува на сила една година откако генералниот секретар на ОН бил известен за тоа.

Во унгарскиот случај, тоа е јуни 2026 година.

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денес изјави дека Будимпешта ќе обезбеди Путин непречено да влезе на нејзина територија со цел да се сретне со Трамп и успешно да се врати во Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ