четврток, 19 февруари 2026

Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД одзеде 8 животи (ВИДЕО)

Осум скијачи загинаа во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, а еден се води за исчезнат, соопштија властите во среда за една од најсмртоносните несреќи од ваков вид во американската историја. Спасувачите извлекоа шест преживеани по снежната бура што нанаесе неколку метри нов снег во Сиера во последните денови.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Лавината се случила во 11:30 часот наутро во близина на Касл Пик во Траки, Калифорнија, 15 километри северно од езерото Тахо, и закопа група скијачи.

Група од 15 лица, вклучувајќи водичи и клиенти, биле погодени при враќање од 3-дневно патување во дивината во близина на Касл Пик во Сиера Невада. Групата престојувала во колиби на надморска височина од 2.300 метри.

Преживеаните се засолниле под најлонски церади и комуницирале со спасувачите преку радио и СМС-пораки.

Во типична зима во Сиера Невада паѓа повеќе од 9 метри снег, што ја прави едно од најснежните места на западната хемисфера. Во текот на изминатата деценија, просечно 27 луѓе умираат во лавини во САД секоја година, според Центарот за лавини во Колорадо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ