Само неколку дена пред парламентарните избори во недела, 12 април, Венс треба да се сретне со Орбан и да учествува со унгарскиот лидер на предизборен митинг, соопштија владини извори во Будимпешта.
Во разговор со новинарите пред да замине во дводневната посета, американскиот потпретседател ја изрази својата желба да „го види (својот) добар пријател Виктор“.
„Ќе разговараме за голем број работи поврзани за односите меѓу САД и Унгарија“, додаде Венс, прецизирајќи дека ќе се дискутира за односите со Европската Унија и Украина.
Реткиот гест на поддршка, лично искажан од висок функционер на американската администрација, е најновиот пример за подготвеноста на Доналд Трамп да ги поддржи националистичките лидери кои ги делат неговите ставови, како што се Хавиер Милеи во Аргентина и Санае Такаичи во Јапонија.
Американскиот претседател го опиша Виктор Орбан како вистински силен и моќен лидер, нудејќи му ја својата поддршка пред изборите.
Според неколку независни анкети на јавното мислење, партијата Фидес на Виктор Орбан заостанува зад партијата на Тисза, предводена од Петер Маѓар, член на Европскиот парламент и поранешен сојузник на Орбан, кој вршел разни влијателни позиции во неговата администрација.
Поддршката што администрацијата на Трамп му ја даде на Виктор Орбан, вклучително и посетата на Џеј Ди Венс, можеби нема да биде доволна за да влијае на унгарските гласачи, велат политичките аналитичари, забележувајќи дека домашните прашања како што се трошоците за живот беа во срцето на предизборната кампања.






