Сепак, Венс инсистира дека претседателот Доналд Трамп не бил дел од мрежата. Новите документи, кои имаат повеќе од 3 милиони страници, вклучуваат е-пошта од Бил Гејтс и Илон Маск и компромитирачки фотографии од Ендру Маунтбатен Виндзор, објави Унилад.
Потпретседателот Венс тврди дека Трамп не бил дел од мрежата на Епстин. „Претседателот Трамп е во голема мера надвор од тој социјален круг“, изјави Венс вчера за Дејли меил.
„Тој познава многу од овие луѓе и сигурно има слично богатство и моќ. Но, тој никогаш не бил пријател со Епстин на начинот на кој биле многу други. Мислам дека тоа само ја открива инцестуозната природа на американските елити, што е доста одвратно. Мислам дека фрла многу лошо светло врз многу луѓе“, рече тој.
Доналд Трамп се обиде да се дистанцира од обвинувањата поврзани со Епстин и отсекогаш цврсто негирал какво било кривично дело. Иако првично ја минимизираше својата поврзаност со Епстин, подоцна призна дека некогаш биле пријатели. Сепак, тој тврди дека нивното пријателство завршило во 2004 година, долго пред Епстин да биде обвинет и осуден за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација.
Сепак, името и фотографиите на претседателот се појавуваат во документите објавени од Комитетот за надзор на Претставничкиот дом минатиот декември. Меѓу претходно објавените материјали е фотографија од Трамп покрај група жени чии лица се замаглени, како и слика на која се гледа лицето на претседателот нацртано на сет „Трамп кондоми“ наменети за продажба.
По објавувањето на сликите, портпаролката на Белата куќа, Абигејл Џексон, ги осуди демократите за она што го нарече „селективен избор на документи“ со „случајни затемнувања за да се создаде лажен наратив“.
„Измамата на демократите против претседателот Трамп е многу пати е побиена, а администрацијата на Трамп направи повеќе за жртвите на Епстин отколку што некогаш направија демократите, постојано повикувајќи на транспарентност, објавувајќи илјадници страници документи и барајќи понатамошни истраги за демократските пријатели на Епстин“, рече портпаролката во тоа време.
„Време е медиумите да престанат да ги повторуваат демократските клишеа и да почнат да ги прашуваат демократите зошто сакале да се дружат со Епстин откако бил осуден“, додаде таа.






