понеделник, 9 јуни 2025

Две лица од мотоцикл фрлиле бомба во забавен центар во Истанбул, 7 повредени (ВИДЕО)

Две лица на мотоцикл фрлиле рачна граната врз забавен центар на улицата Парк Кадеси во населбата Хуријет во истанбулскиот округ Кагитане, објавија локалните медиуми. Нападот се случил околу 1:40 часот по локално време. Седум лица се повредени, а тројца се здобиле со тешки телесни повреди.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Двајца мотоциклисти фрлиле рачна граната на вториот кат од петкатна зграда.

По пријавата, на местото на настанот биле испратени служби за итни случаи, како и експерти за бомби, тимови за истрага на локацијата, специјални сили, тимови за борба против тероризмот и пожарникари.

Додека екипите преземале безбедносни мерки на улицата каде што се случи инцидентот, местото на настанот го пребарувале и полициски кучиња.

Се прегледуваат и снимките од безбедносните камери во областа, во потрага по напаѓачот.

Повредените лица се префрлени во блиските болници со амбулантни возила. Мотивот и деталите за нападот сè уште се непознати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ