недела, 7 декември 2025

Две деца загинаа во израелски напад во јужниот дел на Појасот Газа

Две момчиња загинаа денес во јужниот дел на Појасот Газа во напад на израелската армија, со што се прекрши октомврискиот договор за прекин на огнот, соопшти тамошната болница Насер.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Двајца браќа, на возраст од осум и 11 години, загинаа во напад со дрон, близу училиште во кое се сместени раселени лица во градот Бени Сухајла, соопшти персоналот на болницата Насер.

Во Појасот Газа, од стапувањето на сила на прекинот на огнот меѓу Израел и палестинското движење Хамас на 10 октомври, загинале најмалку 352 лица, според податоците на Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас.

Израел тврди дека напаѓа бунтовници кои го кршат примирјето, а Ерусалим и Хамас меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето.

Претставници на Хамас денес ги повикаа мировните преговарачи да извршат притисок врз Израел да престане да го крши договорот.

Израел во последните неколку недели ги засили нападите во Сирија, Либан и на окупираниот Западен Брег.

Планот за иднината на Појасот Газа што го подготвуваат Соединетите Американски Држави (САД) сè уште е во рана фаза, тој би овластил меѓународни сили да ја управуваат територијата и да ја обезбедат, по што би се одобрила привремена власт која треба да ја надгледува Вашингтон, а се предвидува и можноста за воспоставување палестинска држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ