петок, 2 јануари 2026

Двајца загинати во пожар во истражувачки воен објект во руски Твер (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Двајца луѓе загинаа во пожар во Централниот истражувачки институт на силите за воздушна одбрана во рускиот град Твер, додека едно лице се води како исчезнато, рекол извор за ТАСС.

„Две лица загинаа, судбината на уште еден останува непозната, информациите за неговата смрт се проверуваат. Околу 30 лица добија повреди. Повеќе од 30 се евакуирани од зградата“, рече тој.

Покривот на зградата се урнал.

Според претходните информации, некои луѓе страдале од вдишување чад, додека други добиле повреди откако скокнале од прозорците за да избегаат од пожарот.

Пожарот, кој почна на вториот кат и зафати околу 1.000 квадратни метри, сè уште не е локализиран. Според првичните информации, пожарот настанал поради дефект на електричната мрежа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ