понеделник, 15 декември 2025

Двајца Грци убиени во Украина во инцидент со украински војници

Објавено на

часот

Сподели

Претходно денеска Министерството за надворешни работи испрати препорака до грчките граѓани што се во Украина веднаш да ја напуштат земјата.

Во соопштението на Министерството се наведува дека тројца украински војници се одговорни за смртта и повредите на четворица Грци во селото Хранитне во близина на линијата на фронтот, пренесе Ројтерс.

Се наведува и дека инцидентот избувнал откако Грците и украинските војници се скарале од „безначајни причини“.

Во соопштението не е наведено што правеле Грците во таа област, но претставник на грчкото министерство изјави дека инцидентот нема никаква врска со актуелниот конфликт во регионот.

Украинските власти не одговориле на барањето на Ројтерс за коментар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ