петок, 9 јануари 2026

Два танкери санкционирани од САД патуваат кон Русија

Два танкери за нафта под американски санкции, Арија и Тиа, пловат низ Ламанш кон Русија, предизвикувајќи шпекулации за тоа дали САД и Велика Британија ќе преземат чекори за запленување и на тие бродови. Овој потег доаѓа само еден ден откако американските сили, со помош на Велика Британија, го запленија Маринер во Атлантикот, за кој се верува дека е дел од „флотата во сенка“ на Москва, објави Гардијан.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Британскиот министер за одбрана Џон Хили им рече на пратениците во среда вечерта дека запленувањето на Маринер е оправдано не само затоа што пловел под лажно знаме, туку и затоа што бил дел од руска флота во сенка што нелегално транспортирала нафта „за да ја финансира својата нелегална инвазија на Украина“.

Неговата изјава ги зголеми очекувањата дека Велика Британија, евентуално со помош на САД, би можела да таргетира и други руски танкери или бродови поврзани со Русија во близина на земјата кои веќе се под санкции од Министерството за финансии на САД.

На прашањето дали се запознаени со движењата на санкционираните бродови, Министерството за одбрана вчера изјави дека нема да разговара за можните планови за нивно запленување или „да дава тековни коментари на веб-страници со податоци за поморски транспорт во живо“.

Портпаролот се осврна на коментарите на Хили претходната вечер: „Министерот за одбрана вчера му рече на Парламентот дека одвраќањето, нарушувањето и деградирањето на Руската флота во сенка е приоритет за оваа влада.“

Танкерот Тиа, кој моментално го користи името Тиаван, плови од Турција кон пристаниште во рускиот Фински Залив, каде што треба да пристигне на 13 јануари, според Лојдс Лист. Под името Тиа, бродот беше санкциониран од САД во 2024 година за транспорт на сурова нафта од Венецуела, по што неговото име беше променето во Аркусат, а потоа во Тиаван.

Другиот танкер, Арија, регистриран под знамето на Барбадос, беше забележан вчера вечерта како плови помеѓу Плимут и Џерси, на пат кон трговското пристаниште Уст-Луга во источниот Балтик. Министерството за финансии на САД го наведува како санкциониран брод, забележувајќи дека е поврзан со најголемата руска бродска компанија.

Американските сили го запленија танкерот Маринер, порано познат како Бела 1, северозападно од Британските острови во среда попладне. На операцијата, поддржана од Британската кралска морнарица и РАФ, ѝ претходеше две и пол неделно набљудување на бродот, кое започна во Карибите.

Додека пловеше кон Венецуела, екипажот одби да ѝ дозволи на американската крајбрежна стража да се качи на него. Потоа бродот побегна на север преку Атлантикот, менувајќи го своето име и регистрирајќи се под руско знаме, но тоа не беше доволно за да ја одврати американската војска од запленување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ