вторник, 31 март 2026

Два кинески товарни брода поминаа низ Ормускиот теснец, „затворен е само за непријатели“

Два контејнерски брода во сопственост на Коско, кинескиот превознички гигант кој ги прекина своите услуги до и од Персискиот Залив на почетокот на март поради војната на Блискиот Исток, вчера успешно поминаа низ Ормускиот теснец, според податоците од Марин трафик.

Илустрација: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Контејнерскиот брод ЦСЦЛ Индиан оушн го премина теснецот околу 7 часот наутро во понеделник, а ЦСЦЛ Арктик оушн 27 минути подоцна, според веб-страница за следење на бродови.

Тие поминаа близу до островот Ларак, кој е под контрола на Иран, и се на пат кон Порт Кланг во Малезија. Коско одби да коментира за транзитот кога беше прашан од АФП.

Шангајската превозна компанија минатата среда објави дека ги продолжува резервациите за товарни контејнери наменети за повеќето земји од Заливот.

Продолжувањето на услугата, „што стапува на сила веднаш“, се однесува на „општи“ товарни контејнери наменети за Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Кувајт и Ирак, се вели во соопштението на Коско. Иран не е на листата.

Според иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, Ормускиот теснец е „затворен само за непријатели“. Тој додаде дека иранската војска веќе „обезбедила безбеден премин“ за бродови од пријателски земји.

Од почетокот на војната на Блискиот Исток, сообраќајот во Ормускиот теснец, клучен трговски пат, особено за транзит на нафта, се намали за околу 95%, според платформата за следење на превозот Кплер.

Денес, иранските државни медиуми објавија дека иранскиот парламентарен комитет одобрил закон за наметнување транзитни такси за бродовите што минуваат низ теснецот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ