Во соопштението тие нагласуваат потреба од итно спроведување на таа резолуција на терен, на начин кој обезбедува враќање на нормален живот, ги штити Палестинците во Појасот Газа, спречува раселување, “обезбедува целосно повлекување на окупаторските сили, овозможува обнова, го запира поткопувањето на решението за две држави и спречува анексија.”
Тие, исто така, изразија целосна подготвеност да соработуваат со американската администрација, членовите на Советот за безбедност, арапските и исламските држави, Европската Унија и нејзините земји-членки, Обединетите нации и сите страни од меѓународната коалиција и партнери во Декларацијата од Њујорк, за да се обезбеди спроведување на таа резолуција на начин што „ќе стави крај на страдањето на нашиот палестински народ во Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим“ и ќе го унапреди политичкиот пат што води кон мир, безбедност и стабилност меѓу Палестинците и Израелците, врз основа на решение за две држави „засновано на меѓународното право и меѓународната легитимност“.
Тие ја повторија својата подготвеност да преземат целосна одговорност во Појасот Газа, „во рамките на единството на земјата, народот и институциите“, сметајќи го Појасот за составен дел од Државата Палестина.
Државата Палестина, исто така, изрази благодарност до сите земји што покажаа подготвеност да соработуваат со нив и до релевантните страни за поддршка на „палестинските напори за ставање крај на окупацијата и постигнување слобода и независност, врз основа на нивната посветеност на унапредување на праведно и сеопфатно решение за палестинското прашање – решение што ќе донесе мир, стабилност и безбедност во регионот и во светот воопшто“.






