И покрај тоа што излегле на терен, полицијата не можела да го пронајде лицето што управува со леталото. Првиот извештај за дронот бил примен во 20:17 часот.
„Ја прекинавме потрагата со полициските ресурси што ги имавме на терен. Беше забележан дрон во воздухот, но не можевме да го лоцираме пилотот поврзан со дронот“, изјави Мортен Серенсен од полициската управа Нордланд за НРК.
Ова не е прв ваков инцидент во областа. И во неделата, беше пријавено дека е забележан дрон во близина на истиот аеродром, што предизвика пренасочување на авион од Видеро бидејќи дронот се наоѓал во зона на забранет лет.
Портпаролката на норвешкиот оператор на аеродроми Авинор Каролине Персен потврди дека последниот авион слетал како што било планирано вчера. Таа додаде дека аеродромот бил затворен во текот на ноќта, а повторно е отворен во средата наутро.






