четврток, 18 декември 2025

Драматични сцени во Сиднеј, уапсени седум мажи, „биле упатени кон плажата Бондај“ (ВИДЕО)

Драматични сцени се случија на југозападниот дел од Сиднеј, каде што беа уапсени седум мажи за кои се верува дека биле упатени кон познатата плажа Бондај. Операцијата ја спроведе антитерористичка полиција, а снимките од местото на настанот покажуваат како тешко вооружени специјалци ги апсат осомничените, пишува Скај њуз Австралија.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата на Нов Јужен Велс дејствуваше врз основа на разузнавачки информации дека лица патувале од Мелбурн со намера да одат на плажата Бондај. Поради напнатата ситуација по терористичкиот напад што се случи на истата плажа во неделата вечер, се вели дека полицијата пристапила кон информациите со голема претпазливост.

За време на операцијата, тешко вооружени полицајци испукале неколку гумени куршуми и користеле полициско возило за да истуркаат бел Хјундаи од патот. Друго возило, недалеку од тоа место, на кое наводно била видлива привремена возачка дозвола од државата Викторија, исто така било пресретнато.

Снимките од очевидци покажуваат двајца мажи како лежат со лицето надолу на земја, додека други седат или клечат на тротоарот со рацете врзани зад грб. Иако мотивите на уапсените мажи сè уште се нејасни, се верува дека постоела причина за силната реакција на полицијата. Операцијата завршила во четврток навечер во 20:18 часот.

Властите издадоа соопштение во кое се потврдуваат деталите од операцијата. „Тактичката полиција одговори на информациите дека се планира насилен чин“, се вели во соопштението.

„Полицијата потоа пресретна два автомобила како дел од истрагата. Додека истрагата продолжува, седум мажи ѝ помагаат на полицијата во нивните истраги. Во овој момент, полицијата не утврди никаква врска со тековната полициска истрага за терористичкиот напад во Бондај.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ