петок, 26 декември 2025

Драматична порака на Зеленски: „Крвава реконструкција на нацизмот“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски во драматичното обраќање се обидува да повлече паралели меѓу украинската борба против руската инвазија и борбата против фашизмот и нацизмот во текот на Втората светска војна.

„Никогаш повторно? Обидете се тоа да ѝ го кажете на Украина“, вели Зеленски.

Тој наведува дека на денот на почетокот на инвазијата, 24 февруари, е избришан зборот „никогаш“.

„Фрлени се стотици проектили во четири часот наутро. Украинците слушаа страшни експлозии. Го слушнаа зборот „повторно“. Градот Бородјанка е една од многуте жртви на тоа злосторство, а зад мене се наоѓа сведок. Не станува збор за воен комплекс или база, туку за зграда. Како таа може да ѝ биде закана на Русија?“, праша Зеленски.

Додаде дека на тој град се фрлени бомби со 250 килограми експлозив.

„Градот стана нем, не може повеќе да каже „никогаш повторно“. Не може веќе да каже ништо. Иако, тука повеќе и не се потребни зборови, сè е јасно. Само погледнете ја оваа зграда. Таа некогаш имаше ѕидови, а во нив луѓе кои одамна го минале пеколот на војната“, додаде Зеленски.

Потсети на Втората светска војна, кога 50 мажи биле пратени во Германија на принудна работа.

„Некои од нив биле живи запалени кога Германците запалиле повеќе од 100 куќи во овој град. 250 мажи загинале на боиштата. Вкупно околу 1.000 жители на Бородјанка се бореле против нацизмот за да обезбедат такво нешто никогаш повеќе да не се повтори“, кажа поранешниот глумец.

Истакна дека граѓаните на Украина по 80 години повторно гледаат окупатори.

„Во Украина е организирана крвава реконструкција на нацизмот. Фанатична реплика на тој режим. Истите идеи, зборови и симболи, но и алиби за светата мисија на злото“, заклучи Зеленски.

[video:https://youtu.be/ie3R4utQgpk autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ