Инцидентот се случил во близина на островот Ваиндло, во Финскиот Залив, каде што руски ловец Су-30 влегол во естонскиот воздушен простор.
Авионот се задржал во воздушниот простор на Естонија околу една минута, соопшти Министерството за надворешни работи во Талин, пренесува Ројтерс.
Се наведува дека единица на италијанските воздухопловни сили реагирала на инцидентот и дека нема опасност од загрозување на безбедноста на Естонија.






