петок, 12 декември 2025

Довидување на маските: Данска е првата европска земја која ги укина сите ковид рестрикции

Објавено на

часот

Сподели

Ноќните клубови се повторно отворени, продажбата на алкохол е можна и во ноќните часови, а апликацијата за следење на контактите повеќе не е потребна за влез во затворените објекти.

Иако бројот на новозаразените и понатаму е релативно висок, властите велат дека вирусот повеќе не се квалификува како „критична закана“ поради високата стапка на вакцинација во земјата.

„Имаме исклучително висок број возрасни кои се вакцинирани со три дози. Имајќи предвид дека омикрон не предизвикува тешка болест за вакцинираните, веруваме дека е разумно да ги укинеме ограничувањата“, кажа епидемиологот Лоне Симонсен од Универзитетот во Роскилде.

Маските повеќе не се потребни во продавниците, рестораните и јавниот превоз. Ограничувањата на бројот на луѓе дозволени на собирањата во затворен простор и мерките на социјално дистанцирање исто така повеќе не се на сила.

Националната апликација за следење на контактите повеќе нема да се користи, иако поединечни организатори на настани и понатаму можат да го применуваат ова правило.

На сила ќе останат ретки ограничувања, како носење маски во болниците и старечките домови.

Премиерката Мете Фредериксен го поздрави потегот, пишувајќи на Фејсбук „добро утро на целосно отворена Данска“.

Укинувањето на ограничувањата во Данска следи по одлуките за ублажување на мерките во Британија во јануари. Други земји членки на ЕУ, како Ирска, Франција и Холандија, исто така почнаа да укинуваат некои ограничувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ