недела, 15 март 2026

Доњецк и Луганск ги ратификуваа договорите со Русија, Москва веднаш возврати

Објавено на

часот

Сподели

Бунтовничките украински региони Доњецк и Луганск го ратификуваа договорот за пријателство и помош со Москва, со што формално се отвораат вратите за добивање воена и финансиска поддршка, откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за признавање на нивната независност.

Во изјавите објавени истовремено во вторникот, парламентот на самопрогласената народна република Доњецк и народниот совет на Луганск објавија дека одлуката за ратификување на „Договорот за пријателство и соработка со Руската Федерација“ била усвоена едногласно од двете собранија.

Руските пратеници веднаш потоа изгласаа ратификување на договорите што ја поткрепуваат политичката соработка и воената поддршка за двете украински области Доњецк и Луганск.

На денешната седница Думата, Долниот дом на рускиот парламент, едногласно ги поддржа договорите, при што 400 пратеници гласаа за.

Еден ден претходно, Путин одржа телевизиско национално обраќање во кое рече „Сметам дека е неопходно да се донесе одлуката што требаше да се донесе одамна“ и „веднаш“ да се признаат и двете како суверени држави. Потегот, рече тој, е одговор на долгогодишните борби на истокот на Украина, разорена од војна и обидите на Киев да „вовлече странски држави во конфликт со нашата земја“ со своите напори да му се приклучи на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ