Коментирајќи ги информациите за името на Лајчак во документите на Епстин, Фицо рече: „Одамна не сум видел вакво лицемерие“. Тој тврди дека „сè се користи за напад врз него“. „Лајчак повторно се докажа како одличен дипломат и ја прифаќам неговата понуда за прекин на соработката, иако со тоа, сите ние, а не само јас, губиме неверојатен извор на дипломатско и надворешнополитичко искуство“, рече премиерот Фицо во соопштението.
Претставници на опозицијата, но и на владејачката коалиција, побараа оставка на Лајчак од функцијата советник на премиерот поради неговата комуникација со Епстин.
Откако Министерството за правда на САД ги објави документите, Лајчак изјави дека никогаш не му биле понудени сексуални услуги, ниту пак учествувал во активности поврзани со Епстин и лицата споменати во неговите досиеја.
„Подготвен сум да го потврдам ова тврдење на кој било начин. Како професионален дипломат, не сум толку наивен за да извршам какви било дејствија што би можеле да ме дискредитираат“, рече Лајчак, како што објави ТАСР.






