Овој потег само ја продлабочи интригата околу осудениот сексуален престапник и моќните луѓе со кои тој беше поврзан, пренесува Асошиејтед прес.
Документите, кои беа достапни во петокот и беа отстранети до саботата, содржеа слики од голи жени и една фотографија на која се прикажани низа слики во рамки на комода и во фиоки. Токму на таа слика, во една од фиоките, се наоѓаше фотографија од Доналд Трамп со Епстин, Меланија Трамп и долгогодишната соработничка на Епстин, Гислен Максвел.
Министерството за правда не објасни зошто биле отстранети документи или дали тоа е направено намерно, портпаролот на министерството не одговори веднаш на барањето за коментар.
Необјаснетото исчезнување на досието на интернет предизвика шпекулации за тоа што точно е отстрането и зошто јавноста не е информирана. Демократите во Комитетот за надзор на Претставничкиот дом посочија на исчезнатата фотографија од Трамп во објава на социјалната мрежа Икс, пишувајќи: „Што уште се крие? Ни треба транспарентност за американската јавност.“
This photo, file 468, from the Epstein files that includes Donald Trump has apparently now been removed from the DOJ release.@AGPamBondi is this true? What else is being covered up? We need transparency for the American public. pic.twitter.com/3wYZAl2dse
— Oversight Dems (@OversightDems) December 20, 2025
Инцидентот само ја продлабочи загриженоста што веќе се појави по долгоочекуваното објавување на документите. Десетици илјади објавени страници понудија малку нови сознанија за злосторствата на Епстин или за одлуките на обвинителството што му овозможиле да избегнува сериозни федерални обвиненија со години.
Сојузните обвинители во Њујорк покренаа обвинение за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација против Епстин во 2019 година, но тој по апсењето изврши самоубиство во затвор. Заменикот на главниот јавен обвинител Тод Бланш рече дека обвинителите од Манхетен имале повеќе од 3,6 милиони записи од истрагите за трговија со луѓе против Епстин и Мексвел, иако многу од нив биле дупликати на материјал што веќе бил предаден на ФБИ.






