„Поставете камери на граничните премини па снимајте кој излегува“, кажа тој.
Одделни медиуми во Босна и Херцеговина објавија дека Додик добил покана од официјална Москва да присуствува на парадата на 9 мај, но дека одговорил дека не може да присуствува.
Додик оцени дека новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, кој вклучува забрана за увоз на руска нафта, сигурно ќе создаде проблеми на овој простор.
„Ние не можеме лесно да се префрлиме на некои други пазари, особено на пазарите кои се скапи. Големото прашање е како ќе се снајдеме во иднина. Имаме коректен однос со нафтената индустрија, односно со компанијата која тоа го работи тука“, кажа тој.
Одговарајќи на прашањето кој ќе поднесе извештај во Советот за безбедност на ОН, кој за 11 мај закажа седница посветена на БиХ, Додик кажа дека Претседателството на БиХ е задолжено за надворешната политика, додавајќи дека секторот на надворешната политика е „целосно уништен“ со антиуставното и противзаконско однесување на поединци во изминатиот период.
„Ќе се обидеме да обезбедиме нашиот глас таму да се слуша и тој секако ќе се слушне“, кажа Додик.






