Нејасно е како Додик успеал да ја премине границата на Босна и Херцеговина и покрај фатот што по него е распишана потерница и издаден е налог за апсење.
Веста за пристигнувањето на Додик во Москва ја објавија медиуми блиски до властите на Република Српска, а во изјава која таму ја дал претседателот на РС навел дека нацизмот го победиле Русите и Србите.
„Рускиот народ и Советскиот Сојуз со Србија и Србите дале несомнен придонес на победата над фашизмот и останале заедно на браникот на таа вистина без оглед на ревизиите кои се обидуваат да ги наметнат“, изјави Додик.
Тој најави бројни средби за време на престојот во Москва вклучувајќи и со московскиот патријарх Кирил.
Додик во Русија патувал преку Белград каде стигнал вчера и се сретнал со новиот премиер на Србија Џуро Мацут.